Рајкард стави крај на тренерската кариера

Поранешниот предводник на каталонскиот гигант Барселона и селектор на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, Франк Рајкард и официјално потврди дека става крај на тренерската кариера.Како предводник на Барселона, Рајкард освои неколку титули во шпанската Примера дивизион, а го има освоено и победничкиот пехар во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

“Како што стојат работите во овој момент, можам да потврдам дека повеќе нема да се занимавам со тренерската работа. Не сакам повеќе да работам како тренер. Не сакам да бидам тренер и кога ќе имам 60 години. Благодарен сум на се тоа што го постигнав како тренер, но сега сакам да се занимавам со нешто друго. Сакам во мир да ги следам фудбалските натпревари и потоа да ги коментирам истите. Не сакам да бидам по притисок, сакам да уживам во фудбалската игра”, изјави холандскиот стручњак.