Рајковиќ: МЗТ е доволно силен за да победи и без помош

Во најтрофејниот кошаркарски тим Работнички владееше разочарување по убедливиот пораз во првиот финален натпревар против МЗТ Скопје.

„Вопрвата четвртина игравме како што сакавме, темпото беше онакво какво што посакувавме и му создадовме многу проблеми на МЗТ Скопје. Потоа дојде до мала криза, што надополнета со неколку чудни одлуки беше причина на одмор да заминеме со негатива. Противникот го отвори одлично второто полувреме, заигра агресивно во одбраната и ни создаде многу поголеми проблеми. Од друга страна, ние наместо тимски инсистиравме на индивидуални акции, што никако не може да вроди со плод, изјавитренеротнаРаботнички Емил Рајковиќ.

Рајковиќ накусо го прокоментира и судењето, односно неколуте одлуки кои беа причина за пресвртот во втората четвртина.

„Не би ги посочил судиите како главни виновници за нашиот пораз, но би порачал дека МЗТ Скопје е наивистина силен тим и е доволно голем за да победува и без помош од надвор“ ,додаде Рајковиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.