Ракети истрелани врз аеродромот во Басра, барање за оставка на владата

Аеродромот во јужниот град Басра е нападнат со ракети во саботата по уште една ноќ на протести наводно против ирачките политички елити а во прв ред против претставниците на шиитските власти, кои ирачките власти ги осудија предупредувајќи дека веруваат оти зад насилствата стојат САД, сунитските џихадисти или остатоци од поранешниот режим на партијата Ба’ат на диктаторот Садам Хусеин.

Демонстрантите претходните протестираа во јули, а последните неколку дена протестираа на улиците на Басра, вториот по големина град во Ирак област богата со нафта, осудувајќи ја корупцијата и недостигот од основни услуги, и кај критикуваат владата за неуспех на регионалната инфрастуктура. Во петокот го запалија иранскио конзулат и кусо држеа како заложници радници на околните нафтени полиња.

Нападот се случил кусо по завршувањето на вечерниот полициски час и неколку часа по повторното отворање на главото ирачко пристаниште Ам Каср, која демонстрантите се обидоа да ја парализираат, блокирајќи го нејзиниот влез. Исто така, четирите ракети биле истрелани само неколу часа пред почетокот на итната парламентарна седница на којашто двете најголеми пратенички групи побараа оставка од владата на премиерот Хајдер ал-Абади.

Шеикот Каис ал-Хазали, генерален секретар на ирачката групација Аса’ин Ајл ал-Хак, којашто е главната сила на шиитските проирански Национални единици за мобилизиација попознати под арапскиот назив Хашд ал-Ша’аби, изјави дека немирите во Басра биле наводно дел од американски проект за дезинтеграција на ова арапска земја. Предупреди, исто така, дека ситуацијата во Басра ексалирала и дека Вашингтон се обидува да најде и да наметне личност американски сојузник кој би станал ирачки премиер. Хазали истакна дека ирачките борци нема да дозволат кризата во Басра да се претвори во нови секташки судири.

Амар Хаким, ирачки шиитски клерик и челник на Националното движење за мудрост (Hikma), објави соопштение во коешто изразува загриженост во врска со инцидентите во Басра. Предупредува дека замјата е во опасна ситуација и дека се потребни реалистични и промислени одговори. Хаким, исто така, ги осуди обидите мирните протести да се претворат во намерно уништување на јавниот имот.

Ирачкото министерство за здравство соопшти дека вкупно 12 лица загинале, а 50 други се повредени од вторникот, кога избувнаа насилствата во Басра.

Организаторите изјавија дека во сабота нема да се протестира, но сé уште во градот со околу два милиона жители се присутни засилени безбедносни единици. Безбедносните сили соопштија дека непознати напаѓачи истрелале четири ракети „качуши“ во досегот на аеродромот, но дека притоа немало жртви, ниту е направена значителна материјална штета.

Координативниот комитет на Басра соопшти дека последните саботажи биле извршени од елементи на радикалната сунитска организација Исламска држава и на поранешната владејачка Ба’ат партија, којашто беше соборена со инвазијата на западните сили предводени од САД. Кимитетот, исто така, најави прекина протестите во саботата, со цел „да се проучат грешките кои доведоа до палење згради што нема никаква поврзаност со барањата на демонстрантите“.

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади нареди истрага за смртта на демонстрантите и наложи безбедносните сили на не употребуваат боева муниција. Абади во меѓувреме предупреди дека немирите во Басра може да предизвикаат вооружени конфликт.

На вонредната седница на ирачкиот парламент двете водечки парламентарни групи го повалаа премиерот Абади да поденсе оставка.

„Бараме владата да му се извини на народот и веднаш а поднесе оставка“, ијаво Хасан ал-Акули, портпаролот на листата на вискиот шиитски клерик Муктада ал-Садр, чие движење освои најмногу мандати на изборите во мај.