Ракети од Либан го погодија северот на Израел, артилеријата возврати

Ракети од Либан го погодија северот на Израел и иако не причинија штети, напнатоста во односите меѓу двете земји е зголемена, бидејќи Израел возврати со гранатирање.

Жителите на Кирјат Шмоне ги разбуди силна експлозија во која нема повредени и не е причинета никаква штета. Набрзо потоа, израелската војска одговори со артилериски оган.

Либанската новинска агенција прецизираше дека повеќе до 20 гранати го погодиле планинскиот регион околу јужното погранично подрачје Рахаја.

Израелскиот министер за одбрана Моше Јаалон порача дека Израел нема да ги толерира таквите напади и владата и армијата на Либан ги смета за одговрони за секој оган кој ќе биде отворен од неговата земја.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.