Ракетирана најголемата американска база во Авганистан

Пет ракети се истрелани врз американсата воздухопловна база во Баграм во Авганистан во четвртокот, при што никој не настрадал соопшто мисијата на НАТО во оваа земја „Решителна поддршка“ (Resolute Support).

Баргам е најголемата американска воена база во Авганистан, сместена околу 50 километри северно од главниот град Кабул.

„Пет ракети паднаа на аеродромот Баграм рано утрото. Мина без жртви и повреди. Нашите партнери, Националните безбедносни сили на Авганистан го истражуваат инцидентот“, се наведува во соопштението на мисијата на Twitter.

Агенцијата Reuters од своја страна пренесеува дека одговорноста за нападот преку објава на социјалните мрежи го преземала терористичката групација Исламска држава, истакнувајќи дека нејзините борци го гаѓале хелидромот во Баграм. Истовремено портпаролот на радикалното исламистичко движење Талибан, Забиула Муџахид, на Twitter објави дека нивните борци не се одговорно за нападот.

Кон крајот на февруари САД и талибаните склучија мировен договор, кој предвидува постепено повлекување на американските сили од Авганистан.