Ракитиќ: Барселона треба да биде шампион доколку Ла Лига не продолжи

33

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ е на мислење дека Каталонците треба да бидат прогласени за шампиони доколку сезоната во Шпанија не може да продолжи заради епидемијата од КОВИД-19.

– Сите ние сакаме да играме повторно и да го освоиме првенството играјќи. Сепак, јас сум свесен дека ако тоа не може да се случи, сезоната ќе мора да прекине. Ако ние сме први кога ќе дојде овој крај, тогаш мора да бидеме шампиони, но сите рокови мора да истечат. Во идеално сценарио оваа сезона завршува некогаш, но тоа мора да биде во согласност со планот за следната сезона, додаде Ракитиќ.

Иван Ракитиќ има договор со Барселона до летото 2021 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.