Ракитиќ веројатно оди во Интер

Според пишувањата на Gazetta delo Sport, Барселона и Интер се договориле околу трансферите за зимскиот преоден рок, односно дека хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ од јануари се сели во Милано.

Тој ќе биде на позајмица во Интер до јуни 2020 година, а потоа Италијанците се обврзани да го откупат неговиот договор за околу 30 милиони евра.

Интер го сакаше Хрватот во своите редови уште летово, но клубовите не се договорија, а сега откако Барса и дефинитивно го отпиша одлучи да го продаде.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.