Ракитиќ верува дека Нејмар останува во Барселона

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Иван Ракитиќ изјави во саботата оти верува дека неговиот соиграч од Барселона, бразилскиот ас Нејмар нема да замине во француски Пари Сен Жeрмен, иако на неговата одлука влијае ставот на семејството.

„Ние сакаме да остане и да почувствува колку ни е мил“, изјави Ракитиќ во пресрет на пријателскиот натпревар против Реал Мадрид кој ќе се игра во САД ноќта кон неделата по средноевропско време.

Последните седмици медиумите известуваа за можното заминување на Нејмар од Барселона, наведувајќи дека неговиот татко би можел да го има последниот збор. Ракитиќ, вели дека и покрај нагаѓањата за заминувањето на Бразилецот, ситуацијата во соблекувалната на Барса е многу добра и дека играчите во текот на подготовките слушаат многу шпанска и латиноамериканска музика.

„Сите знаеме дека секогаш е важно она што ќе го каже нашето семејство па ние во соблекувалната ги разбираме неговите премислувања. Тоа е тежок избор, но јас сум уверен дека ќе остане во Барселона. Во текот на подготовките се гледа дека беше 100-процентно вклучен и дека воопшто не се променил“, додава Ракитиќ.

„Никаде нема толку убаво и срдечно да го третираат како тука. Се надевам дека уште долго ќе остане со нас. Нејмар е важен дел од оваа група“, додава хрватскиот фудбалер.

Ракитиќ вели и дека пријателскиот меч против Реал Мадрид, само вториот ваков во текот на повеќе од вековното ривалство меѓу двата клуба, и воeдно првиот на американска територија, нема да биде само подготвителна средба.

„Тоа нема да биде пријателски натпревар. Секогаш сакаме да победиме, а Ел Класико е секогаш Ел Класико. Ќе настојуваме а одиграме добар меч и да продолжиме со позитивниот итам на овие подготовки“, изјави Ракитиќ.

Запрашан за моќното доаѓање нови играчи во текот на преодниот рок, хрватскиот интернационалец кој за Барселона настапува од летото 2014 година вели оти „На нив самите ќе им биде многу тешко, но и оти добрите играчи секогаш се добродојдени“.