Ракометарите на Алкалоид дебитираа со убедлива победа во Првата лига

85

Денес стартуваше новиот шампионат на Првата лига во ракомет, второ по квалитет натпреварување во нашата земја. Со голем интерес ќе се следи сезоната, бидејќи неколку нови проекти кандидираат за единственото место кое директно води во Суперлигата.Новиот клуб, РК Алкалоид го одигра првиот натпревар во клупската историја. Екипата составена со кадетски и младински репрезентативци на Македонија, а водена од Савевски, Ангеловски и Црвенковска попладнево го совлада Металург РА со 37-18 (19-9), во дуел одигран во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Стојков со девет и Кофилоски со седум гола беа најефикасни во победничкиот табот, а кај Металург РА по четири погодоци впишаа Прцуловски, Неданоски и Ангелески.

Комплетниот натпревар меѓу РК Акалоид и Металург РА: 

На останатите натпрвари од првото коло на машката Прва лига, Аеродром и Куманово играа 24-24, а Драчево славеше против ланскиот суперлигаш Работнички со 25-40. Попладнево се играат натпреварите Јехона – Младост и Голден Арт – Јуниор Кисела вода.

Фото: Гол.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.