Ракометарите на Вардар ги заслужуваат сите државни признанија и привилегии

Советничка група на Вмро-Дпмне и Коалицијата на Град Скопје смета дека ракометарите на Вардар треба да добијат државни признанија и привилегии бидејќи се вистинските амбасадори на Градот Скопје и Република Македонија.

„Водејќи се од историската шампионска титула која Ракометниот Клуб Вардар ја издвојува, пожртвуваноста на ракометарите, нивната борбеност и исклучителен спортски квалитет Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на Град Скопје го честита историскиот успех на ракометарите и ја поддржува одлуката на Градот за финансиска награда на ракометарите, клубот Вардар и стручниот тим.

Советничката група смета дека е потребно доделување на сите државни признанија и привилегии кои ќе го вреднуваат ваквиот успех на вистинските амбасадори на Градот Скопје и Република Македонија.

Вардаровите ракометари се впишуваат со златни букви во нашата спортска историја, Скопјани имаат причина за славење. Вардар е нашата гордост!“.