Ракометарите на Вардар се вратија на победничките патеки во ЛШ

Ракометарите на Вардар ја прекинаа низата порази во елитната Лигата на шампионите во неделата во својата сала „Јане Сандански“ ја остварија четвртата победа. Македонскиот и европски првак  славеше над Мешков Брест со 36:31 во меч од шестото коло на Б групата.
Во првиот дел вардарци постојано го контролираа резултатот, а најголемата предност ја имаа во 24 минута кога водеа со четири гола разлика 17:13, но на одмор црвено-црните заминаа со само два гол предност (19:17).
На почетокот на второто полувреме Вардар направи серија од 3?0 за предност од пет гола  (22:17). Оваа предност европскиот првак знаеше како да ја сочува па на крајот оствари триумф со конечни 36?31 .
Најефикасен во редовите на Вардар беше Кристопанс со 9 додека Чипиќ и Скубе постигнаа седум, односно шест голови. Мора да се истакне и одличниот настап на младиот македонски голман Марко Кизиќ кој во вториот период доби шанса од клупата која ја искористи со четири прекрасни одбрани.
Со новите освоени бодови и вкупно осум, Вардар се проби на второто место на табелата зад Кил кој по денешниот триумф над Мотор Запорожје (30:27) е водечки со 11 бодови
Во следното седмо коло Вардар повторни ќе игра во Скопје, против Кјелце, кој како и француски Монпелје се веднаш зад вардарци со по седум освоено бодови досега.