Ракометарите на Вардар сепак ќе одиграат еден натпревар до крајот на годината

Македонскиот и сѐ уште актуелен европски ракометен шампион Вардар сепак ќе одигра еден натпревар од низата неодиграни поради пандемијата со коронавирус и низата одложувања во новата сезона во Лигата на шампионите, па на 22-ри декември ќе му гостуваат на ПИК Сегед, за мечот што кој беше одложен поради коронаинфекциите кај унгарскиот тим уште на стартот на сезоната.

Откако ракометарите на Вардар беа зафатени со коронавирусот, беа одложени трите натпревара коишто требаше во десетина дена да ги играат на почетокот на декември, односно двете гостувања кај ПСЖ и Порто, а потоа и домашниот реванш со ПСЖ.

Дуелот о унгрскиот претставник е закажан за 22-ри декември од 20,45 часот, а деновиве „вардарци“ треба да се вратат на редовните тренинзи, откако ќе им заврши изолацијата во која беа ставени еден ден откако загубија на гостувањето кај Кјелце, после четири заразени ракометари по мечот излегоа позитивни на тестирањето.

Вардар по пет одиграни меча во групата има три бода, еден повеќе од ПИК Сегед кој исто така има одиграно пет средби досега во елитата.