Ракометарите на Вардар заглавија во Португалија

Ракометарите на Вардар  се заглавени во Португалија и не можат да се вратат во земјава како што беше планирано преку аеродромот во Франкфурт бидејќи Германија бара сите кои ќе влезат од „црвената зона“ а во која е и Португалија, треба да одат во 14-дневен карантин.

Сега се бара решение за враќање дома на црвено-црните, опцијата е со автобус до Лисабон, па потоа да патуваат до Истанбул и до крајната дестинација Скопје.

Враќањето треба да биде што побрзо бидејќи веќе во вторник во Париз треба да играат со ПСЖ, а в четврток гостуваат кај Фленсбург во Германија.

Постои можност дуелот во Франција, па и тој во Германија да бидат одложени, што ќе донесе нови проблеми околу календарот на вардарци кој и онака не им беше во прилог.

Вчера Германија и Франција одлучија дека не може да се минуваат ниту како транзитни зони, освен за нивни државјани или за странци што работат таму.