Ракометарите поради магла останаа на скопскиот аеродром

Маглата над скопскиот аеродром „Александар Велики’’ го пролонгира заминувањето на машката репрезентација на Македонија во Данска, каде од утре ќе започне 11-то Европско првенство во ракомет.

Експедицијата во која покрај репрезентативците и стручниот штаб, се и десетина новинари и педесетина навивачи кои требаше да полетаат со чартер лет во девет часот, засега останува на аеродромот „Александар Велики’’, се до 11 часот за

фото: Курир
фото: Курир

кога се очекува подобрување на временските услови.

Алтернатива се аеродромите во Софија, Ниш или Белград, бидејќи и на најблиските аеродроми во Охрид и Приштина временските услови се исти како и во Скопје. Првиот натпревар на Европското првенство Македонија ќе го игра утревечер од 20 часот против домаќинот Данска.