Ракометарите поразени во реваншот во Букурешт, но одат на двомечот со Чешка

Maкедонската машка ракометна репрезентација денес го одигра реваншот од баражот за Светското првенство против Романија во Букурешт.

За разлика од мечеот во Скопје, македонските ракометари прикажаа послаба игра, Романците во поголем дел од натпреварот го имаа водството и на крајот победија со 24:22 (12:12).

Првото полувреме мина во израмнета игра во која Македонија целосно го контролираше темпото и резултатот. Романците свесни дека бркаат огромна негатива се обидоа да влезат во гол-серија, но често грешеа, а нашите ракометари знаеја како да го искористат тоа.

Слична беше сликата на теренот и во второто полувреме. Романија не покажуваше кој знае како квалитет, меѓутоа и ние не бевме на нивото од натпревароит од пред два дена.

Најефикасен кај нас беше Лазаров со шест гола од 11 обиди, шест на спротивната страна постигна и данскиот натурилизаран играч Хумет Гаминде кој го пропушти натпреварот во Скопје.

За место на СП Македонија благодарение на победата во Скопје од 30:22 сега ќе игра против Чешка во двомечот кој е закажан за април.

Двомечот меѓу од квалификациите за СП 2023 се игра наредниот месец, првиот дуел е закажан во Злин за 13 април, а реваншот во Скопје за 17 април