Ракометарките ја совладаа Литванија, зголемени шансите за пласман на ЕП 2024 година

Женската ракометна репрезентација на Македонија направи голем чекор до ново учество на континенталните собири откако денеска во второто коло славеше на гостувањето кај Литванија со 31:28.

Како и во мечот во Скопје против Азербејџан, така и на гостувањето во Литванија нашите ракометарки стартуваа со негатива од 1:0. Во следниот период се играше гол за гол, а по пет минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 4:4. Македонските технички грешки, Литванија успешно ги користеше, па и по десет минути игра резултатот на семафорот беше нерешен (7:7).

Мицевска конечно влезе во серија на одбрани, што нејзините соиграчки го искористија на најдобар можен начин за во 14. минута за првпат да стигнат до плус два (8:10). Во следниот период нашите ракометарки ја задржаа оваа предност па по дваесет минути игра на семафорот стоеше резултатот (11:13).

Македонија конечно заигра како што треба во одбраната, па во 24. минута со погодокот на Саздовска првпат македонската селекција стаса до „плус три“ (15:12), а во 28. минута првпат беше и „плус четири“ (17:13). До крајот на првата делница македонските девојки направија две грешки во напад, кои Литванките ги искористија и на полувреме заминаа со само „минус два“ 15:17.

Македонските ракометарки слабо го почнаа и второто полувреме, а со погодокот од пенал во 33. минута Литванија израмни на 17:17. Саздовска со својот нов гол ја прекина серијата од 4:0 на домаќинките и повторно ја донесе Македонија до водство од 17:18. По неколку минути гол за гол, нашите ракометарки со голот на Ѓоргиевска во 39. минута повторно стигнаа до „плус три“ (21:18).

Нова катастрофална грешка направија македонските ракометарки, кога Кипријановска по еден тежок фаул доби директен црвен картон, а Литванките повторно дојдоа до израмнување 23:23. Сара Ристовска веднаш возврати и со својот осми гол повторно донесе водство (24:23). Македонските ракоментарки потоа заиграа конечно на ниво во одбраната, па со голот на Седлоска во 48. минута повторно дојдоа до „плус три“ (26:23). Македонките не реализираа три пенала во низа, но Литванките и тоа не успеаја да го искористат, па во последните шест минути се влезе со позитива на Македонија од 27:24. До крајот македонските ракометарки рутински го приведоа мечот за конечен триумф од конечните 31:28.

Иако најефикасна во македонската селекција беше Риствоска со девет гола, дефинитивно најзаслужна за нашата победа беше Седлоска која мечот го заврши со осум гола и стоотстотна реализација. Кај Литванките Арчисевскаја заврши со девет погодоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.