Ракометарките ги добија противничките во претквалификациите за СП

Македонската женска ракометна репрезентација ги доби противничките во претквалификациите за настап на Светскиот шампионат што ќе се одржи следната година во Шпанија.

Нашата селекција ќе се обиде во соочувањата против Грција, Исланд и Литванија да освои едно од првите две места. Претквалификациите ќе се играат на еден турнир чиј домаќин ќе биде Грција, а според календарот треба да се одржат во периодот од 27 до 29 ноември или 4 до 6 декември.

Доколку Грција не ја прифати организацијата на турнирот тогаш тој би се одржал во Македонија.

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП:

ГРУПА 2:  МАКЕДОНИЈА, Исланд, Литванија, Грција

ГРУПА 1: Словачка, Луксембург, Украина, Израел

ГРУПА 3: Турција, Португалија, Финска

ГРУПА 4: Австрија, Италија, Косово

ГРУПА 5: Белорусија, Швајцарија, Фарски Острови