Ракометарките на Металург го освоија Купот на Македонија

Ракометарките на ЖРК Металург го победија Ѓорче Петров во финалето од ракометнот Куп на Македонија (30:27) што се играше во Кавадарци.

Женското финале го отвори денешниот натпреварувачки ден на завршниот турнир во двете конкуренции, а Металург со променлива, но постојана предност на теренот, стигна до посакуваниот трофеј.

Првиот дел заврши со резултат 16:12, Металург се приближи до двоцифрена предност во продолжението, но и тоа не ги откажа ривалките од Ѓорче Петров кои на крајот се обидоа да се заканат стигнувајќи до два гола негатива.

Сепак, Металург стана победник во националниот куп по петти пат во својата клупска историја, а најефикасна на теренот денеска беше Младеновска со 9 гола. Освен трофејот за најдобар стрелец, таа беше прогласена за најкорисен играч (МВП), а Амра Илјаз од победничкиот клуб доби трофеј како најдобар голман.

Во машкото финале за трофејот ќе се борат Вардар и Еурофарм Пелистер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.