Ракометарките втор пат поразени од Тунис

Женската ракометна репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз во контролните натпревари против селекцијата на Тунис, овој пат со минимални 21:19. „Црвено-жолтите“ прикажа одлична игра во првото полувреме, кое заврши без победник, 7:7, но домаќинките во вториот дел со помош од судиите успеале резултатски да се одлепат и одново да стигнат до триумфот.

Според информациите од нашиот национален тим, арбитрите биле целосно наклонети на репрезентацијата на Тунис, досудувајќи низа исклучувања за македонските репрезентативки, што резултирало до 40. минута „црвено-жолтите“ да добијат два црвени картони.

Иако за 60 минути е примен само 21 погодок, нашите голманки беа на потребното ниво. Во фазата од нападот најзабележителни беа Гроздановска со седум гола, пред Мечевска и Десподовска кои го завршија натпреварот со по четири погодоци.