Ракописот на „Малиот принц“ првпат ќе биде изложен во Европа

„Малиот принц“ на Антоан де Сен-Егзипрери (1990-1944) е една од најпреведуваните и најпродавани книги на светот, а подоцна месецов ракописот на омиленото дело од светската книжевноста кој се чува во Њујорк првпат ќе биде изложено во Европа, односно во француската престолнина Париз.

Изложбата под наслов „Средба со Малиот принц“ опфаќа 600 експонати, меѓу кои се акварели, скици, цртежи и фотографии. Предвидено е да биде поставена во парискиот Музеј за декоративни уметности од 17-ти февруари до 26-ти јуни.

Францускиот писател, поет, воздухопловец и репортер Сен-Егзипери книгата ја напишал во 1942 година на Лонг Ајленд во Њујорк, каде што живеел во егзил во текот на Втората светска војна. Оттогаш оригиналниот ракопис никогаш не ги напуштил САД.

„Тоа е нашето најголемо богатство“, изјави во неделата директорот на „Morgan Library & Museum“ во Њујорк, Колин Би Бејли за радиостаницата France Info.

Алегориската приказна за ситното русокосо момченце воедно е последното дело на Антоан Мари Жан-Батист Роже, гроф од Сен-Егзипери. Загинал во пад на авион при мисија на надгледување на германските војски по долината на реката Рона, со кој пилотирал самиот во 1944 година, на возраст од 44 години. Делови од авионот откриени се многу години подоцна во морето недалеку од Ил де Риу, јужно од Марсеј, но оваа официјална верзија и ден денес се смета за мистериозна.

Книгата првпат е објавена во Њујорк во април 1943 година заедно со цртежите на Сен-Егзипери, а во Франција три години подоцна. Се проценува дека досега е продадена во повеќе од 200 милиони примероци, и е најпознато, најпреведуваото и најчитано дело на француската книжевност.