Раководната функција е најризична за здравјето

Неодамнешните анализи покажаа дека одредени професии се поврзани со зголемениот ризик од развој на различни срцеви болести или други кардиоваскуларни проблеми.

Истражувањето кое неодамна го објави Medical News Today покажува дека жените кои се бават со одредени професии се изложени на повисок ризик од добивање на проблеми со срцето.

Иако научниците наведуваат дека факторите кои доведуваат до повисок ризик од срцеви заболувања се нездравата исхрана, недостатокот на физичка активност и пушењето, постои еден фактор на кој засега не му се обрнува вниманието кое го заслужува. Тоа е вашата професија.

Раководни позиции

Едно истражување направено во Јапонија открива дека одредени поединци кои се на раководни позиции, без разлика на активноста, се изложени на поголем ризик од добивање на некое срцево заболување.

Но, центрите за контрола и превенција на болести велат дека не е јасно во колкава мера професионалните фактори можат да допринесат во ризикот за здобивање со некоја срцева болест и поради тоа наведуваат дека потребно е подетално испитување на оваа област.

Социјалните работници спаѓаат во најризичната група

Истражувачите ја испитувале поврзаноста помеѓу здравото срце и различните професии на преку 65 илјади жени кои во просек имале 63 години и кои веќе минале низ менопаузата.

Социјалните работнички имаат 36 отсто поголема шанса за развивање на срцеви проблеми отколку оние кои се бават со други професии. Нешто подолу се благајничките со 33 отсто.

Медицинските сестри, прихијатрите и куќните помошнички имаат 16 отсто шанса за вакви заболувања. Меѓу нив, најголем ризик од развој на кардиоваскуларни проблеми имаат медицинските сестри со 14 отсто.

Агентите за продажба со најмал ризик

Ова истражување исто така покажа и дека има врска помеѓу одредени професии и понискиот ризик од кардиоваскуларни заболувања.

Агентите за продажба имаат 24 отсто помала шанса да добијат срцева болест од оние кои имаат друга професија, додека кај административните работници ризикот е 11 отсто помал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.