Раководството на МВР поднело предлог за назначување на Локман Селими за заменик командант на „Тигрите“

Заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, поднел предлог за вклучување на Локман Селими на раководна позиција во полициската Единица за специјални задачи (ЕСЗ) „Тигар“, објавува порталот на албански јазик „Ина“ во текст под наслов – „Албанец од Арачиново влегува во „озлогласените“ „Тигри“, пренесува НетПрес.

Специјалните единици во Министерството за внатрешни работи до денеска беа „забрането јаболко“ за Албанците. Во специјалната полициска единица „Тигар“, 37 години од нејзиното формирање, ниту еден Албанец не е вработен. Како што дознова истражувачката емисија „Без Цензура“ – (Pa Cencurë), со последниот договор помеѓу ДУИ и СДСМ, заменик министерот Агим Нухиу поднесе предлог за вклучување на Локман Селими во оваа единица и тоа на раководна позиција. Локман Селими е ефектив на Специјалните сили на Македонија од Арачиново. Тој е командант на една екипа на специјалните сили, кои ги спасија животите на пратениците вечерта на 27 април во Собранието на Македонија од насилството на хулиганите, без да прават разлика дали беа македонски или албански пратеници. Тој и тројца албански членови на оваа екипа беа повредени здобивајќи се со разни телесни повреди, пишува „Ина“ во објавениот текст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.