Ралповски до Битиќи: Пет години не почитувате ни закон, ни колективен договор

Благоја Ралповски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати, во вклучување во емисијата Анализа на ТВ 24, во дебата со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи му порача дека владата изминатите 5 години не ги почитува ниту закони ниту колективни договори, посочувајќи дека им е доста од потценувачкиот однос од страна на владата.

Во 2012 година се донесе минималната плата, и првите покачува во 2013 и 2015 година имаше усогласување по 5 проценти. Вие еднаш ја покачивте платата на 5 проценти во 2019 година и останавте глуви на нашите барања. Во тој момент најниската на плата на јавен службеник беше 13.200 денари, а минималната 10.080 денари. Сега доаѓаме до ситуација дека платата најниска е 13.848 денари, а минималната плата 18.000 денари. Не можете вицепремиер вие прв како најголем работодавач во државата да не го почитувате законот, имате обврска да го почитувате. Значи 5 години не почитувате закон ни колективни договори, ништо не почитувате, кажувате сега ни текнало. Не ни текна сега и 2018, 2019 и 2020 година, и вие сте сведок колку пати ни викавте Благоја ваква криза има, таква криза има. Еве ние чекавме, значи јас ви кажувам не може веќе ниту да не потценувате, вицепремиере и ние треба да живееме, потенцираше Ралповски.

На ова вицепремиерот Битиќи одговарајќи нервозно со разни гестикулации сакаше да го минимизира и омаловажи ставот на Раловски дека всушност не ја говори вистината.

Кој? Кога? Навистина, нервозно одговарајќи на прозивките од Ралповски.

Битиќи истакна дека протестот не е решение, и дека дијалогот треба да продолжи на маса, на што Ралповски му одговори на Битиќи во среда да дојде на протестот и да го види одговорот на работниците, на што Битиќи изрично ја одби поканата нагласувајќи дека се плаши дека ќе биде обоен со боја од страна на работниците.

Јас ви кажувам во среда дојдете на нашиот протест обратете се пред присутните ќе го видите одговорот, му порача на Битиќи.

Не, затоа што може да ми дадат боја, посочи вицепремиерот Битиќи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.