Рама: Албанската Влада со 370 милиони американски долари ќе му помага на здравството, бизнисот и лицата во социјален ризик

13

Албанскиот премиер Еди Рама синоќа го претстави планот на Владата од седум точки за потребите за финансирање на оние кои се директно погодени во нивната економија поради парализирање на животот со драстични мерки против коронавирусот.

Најави дека ќе бидат издвоени 370 милиони американски долари што ќе бидат наменети за помош на здравството, бизнисот и семејствата во социјален ризик.

-Од вкупниот износ, 2,5 милијарди леки или 25 милиони американски долари ќе бидат ставени на располагање на Министерството за здравство, за медицинска опрема и материјали или поддршка на медицинскиот персонал. Преку инструментот суверена гаранција за компаниите кои имаат објективни потешкотии во плаќањето на платите на своите вработени, се издојуваат 100 милиони долари, објасни Рама преку вдео обраќање од неговиот кабинет.

Според планот на Владата 65 милиони американски долари се за непосредни потреби:за семејствата во социјален ризик, за малиот бизнис и за евентуалната невработеност поради состојбата со кронавирусот.

На Министерството за одбрана за хуманитарна операција ќе бидат ставен на располагање 20 милиони американски долари, додека 10 милиони долари ќе бидат како резервен фонд за Владата за каква било непредвидена вонредна состојба.

-Исто така ние трајно ќе ги избришеме каматите за активните должници за потрошена електрична енергија, домаќинства и малиот бизнис, со финансиски ефект до 15 милијарди леки, или 150 милиони долари. Од оваа мерка ќе имаат корист 211.024 претплатници, рече Рама.

Предидено е и одложување на данокот на добивка, како и поднесувањето на пресметките кои фирмите ги доставуваат до Централна банка на Албанија.

„Овој план,како нормативен акт за измени во буџетот 2020 година стапува во сила на 20 март 2020 година,рече Рама.

Посочи дека никој не знае, освен Бог, кога „ќе се ослободиме од овој кошмар“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.