Рама бара Белград да влијае врз Србите на Косово а Брисел да интервенира

За последните случувања на северот од Косово реагираше албанскиот премиер Еди Рама, осудувајќи ги „нападите и поставувањето блокади”.

„Нападите врз ЕУЛЕКС се за секаква осуда без двоумење, како што е за осуда секој акт на насилство врз косовската полиција. Повторното појавување на барикадите на северот на Косово е во спротивност со секој закон и со секој дух на дијалог и не само што не решава ништо, туку напротив дополнително усложнува сè“, стои во реакцијата на Рама.

Според него, одложувањето на изборите од страна на косовските власти е сигнал на кој Белград мора одговорно да одговори.

„Одложувањето на изборите од страна на претседателката на Република Косово е значаен сигнал, на кој високите власти на Белград мора да одговорат со ист дух и чувство на одговорност, како не би дозволиле натамошна ескалација на дестабилизирачките акти“, посочува албанскиот премиер.

Белград, оценува натаму Рама, мора да го употреби своето влијание врз Србите од северот на Косово.

„Белград мора да го употреби своето влијание врз Србите на Косово, без да ги оправдува нивните постапки, без оглед на причините. За причини се разговара, а не се користат како оружје против полицијата и како барикада против правниот поредок. ЕУ треба итно да свика на дијалог“, заклучува Рама во реакцијат