Рама: Денеска не сме во услови да им кажеме на Албанците кои живеат во странство да се вратат

Премиерот Еди Рама на средба со граѓани во пристанишниот град Драч ја коментираше и емиграцијата на Албанците , притоа наведувајќи дека “денеска Албанија не е во услови да им каже на Албанците кои веќе живеат во странство да се вратат назад”.

– Влеговме во време на војна за човечко месо. Развиените земји ќе дадат се од себе за да привлечат што повеќе луѓе. Затоа, не само што не смееме да изгубиме повеќе работници, туку мора да ги вратиме и оние што избегаа. Но, денес не сме во фаза да им кажеме на Албанците кои се во странство, вратете се затоа што вреди, изјави Рама.

Според него, „приказната дека сите сакаат да работат во државата има аспект на неинформираност, или да земаат добра плата, дури и во канцеларија да играат карти на компјутер и излегувам да пијам кафе”.

Тој ги повика претприемачите да се приклучат на иницијативата на Владата за зголемување на платите, како “важен чекор за задржување на човечкиот капитал во Албанија”.