Рама ќе се вакцинира преку ред, а министрите ќе чекаат ред

Премиерот Еди Рама на заедничка прес конференција со министерката за здравство, Огерта Манастирлиу од стадионот „Ер Албанија“,каде во 15 часот, треба да почне вакцинацијата против ковид-19, рече дека ќе се вакцинира меѓу првите.

– Ќе се вакцинирам, можеби преку ред, зашто прво со оваа имунизација планирано е да се опфатат здравствените работници, но тоа ќе го сторам во знак на сенсибилизација за сите скептици. Секако дека тоа ќе го сторам само за да дадам јасна порака дека не само што е безбедно, туку и е оружје за уништување на овој невидлив непријател. Министерката Манастирлиу како и сите други ќе чекаат ред, зашто не може да влезат и да го земат она што им припаѓа на лекарите, медицинските сестри, полицајците – рече Рама.

Додаде дека денеска располагаат со 975 дози вакцини добиени од прјателска земја која не сакала нејзиното име да биде јавно соопштено,но оти не се донација од Грција.

– Ваквинацијата ја почнуваме со 975 дози, а од истата пројателска земја очекуваме уште две илјади, додека на почетокот на следната недела ќе прстигнат 10.750 дози вакцина од Фајзер.Доколку дојдеме во стуација на поголема колична вакцини ќе ги поделиме со Косово – најави Рама.

Според минстерката Манастрлиу, со вакцинацијата најпрво ќе бидат опфатени здратсвените работнци од четирите ковид болници и оти денска почнуваат со оние од ковид еден (Инфективна клиника) и ковид два болницата(клнката Шефќет Ндроќи).