Рама ги коментираше апсењата за влегување во албански фабрики за оружје

Албанскиот премиер Еди Рама во саботата првпат зборуваше за инцидентите со приведувањето на странски државјани во албанските фабрики од воениот сектор, при што еден во првиот случај беа приведени двајца руски и еден украински државјани, притоа нарекувајќи ги „смешни“ наводите за шпионажа, објави порталот Albanian Daily news.

„Прашината што се крена со ткн објекти од голема важност беше причина за смеење и плачење. Тоа ниту се фабрики кои произведуваат оружје. Декласификувани се како објекти од посебно значење. Исклучена им е струјата, дојдоа до тоа да не можат да си ги платат сметките за струја. Имаат неколку чувари кои треба да ги штитат од влегувања. Да се каже дека станува збор за шпионажа со фабрикувања остатоци од комунизмот е многу смешно“, рекол Рама.

Според премиерот она што треба да загрижува е тоа кои биле вистинските намери на тие луѓе во Албанија, затоа што според него „шпионска мисија со спортски автомобил што изгледа како повик ‘фати ме’ е смешно“.

Минатата недела четворица чешки државјани се приведени откако во централна Албанија во близина на градот Поличан снимале воена фабрика, само ден откако двајца руски и еден украински државјанин се уапсени осомничени за обид за влегување и снимање на исто така воен објект крај градот Грамш. Во инцидентот во фабриката за муниција и оружје кај Поличан биле приведени двајца мажи и две жени, на возраст меѓу 40 и 45 години. Мажите биле приведен на територијата на фабриката во неделата утрото, додека жените чекале надвор, објави тогаш Albanian Daily News.

Беше објавено дека Чесите ја снимале фабриката за муниција и тунелите во Поличан кои датираат од комунистичката ера, кога воената полиција открила два автомобила со странски регистерски ознаки а вратата од тунелот обиена. Било констатирано дека чешките државјани ја скршиле вратата од тунелот, каде што биле чувани машини за производство на делови за опрема за противвоздушна одбрана.

Приведените изјавиле дека само се туристи, а еден од нив носел маскирна облека.

Ден претходно беше објавено дека при приведувањето на двајцата руски и еден украински државјанин биле повредени двајца албански војници кои биле испрскани со некаков спреј. Според албанското министерство за одбрана, еден од Русите се приближил до територијата на фабриката и се обидел да фотографира.

Во оваа фабрика близу градот Фрамш, наводно, во последно време освен што демонтира и поправа оружје од домашно производство, се произведува и муниција за оружје на НАТО. Според податоците од отворени извори, станува збор за фабрика којашто се занимава со производство за одбранбената индустрија, а којашто во времето на комунизмот ги произведувала руските јуришни пушки „АК-47“ познати како „калашников“.

Руските државјани се идентификуваат како 33-годишната Светлана Тимофеева и 23-годишниот Михаил Зорин, додека за украинскиот државјанин е идентификуван само иницијалите Фјодор Алпатов, стар 25 години. Тие, според првичните сознанија во Албанија влегле една седмица претходно. Британскиот портал Express.co.uk. објави дека се „фатени шпиони на Путин“, и од претходно е познато дека Тимофеева патува низ светот и фотографира „чудни предмети“ како што се стари авиони и воени објекти.

Тие се товарат за собирање доверливи информации кои го поткопуваат суверенитетот и националната безбедност на Албанија, извршено од група луѓе, сите тројца се уапсени.