Рама ги спореди Мета и Бериша со терористите на Боко Харам по насилствата во Скадар

По денешниот насилен протест во северниот град Скадар, албанскиот премиер и лидер на Социјалстичката партија Еди Рама, ги обвини претседателот Илир Мета и поранешноот претседател Сал Бериши дека ги злоупотребуваат децата и ги спореди со терористите на Боко Харам, кои ги злопуотребуваат децата како камикази.

-Терористите на Боко Харам ги користат децата како бомбаши самоубијци. Историјата познава криминални случаи со деца, но да се појави во Албанија како последно прибежиште на маскенбалот на опозициската политика, ова е крајно болно! Многу посакувам и силно верувам дека нема демократски и опозициски родител кој ја прифаќа оваа крајна злоупотреба на малолетници на водачите без татковина, без знаење и вера, без душа и мозок, на ова мизерна опозиција, со нејзината морална празнина и нејзиниот криминален карактер. Никогаш не заборавјте го ова, стои во реакцјата на Рама.

Во денешниот протест во Скадар, во кој главно учествуваа млади, целосно се уништени просториите на Социјалистичката партија. Од просториите беше извадено се што се наоѓаше во нив и потоа запалено. Учесниците во протестот оштетија и други објект.

За смирување на состојбата интеревенираа припадниците на специјалната полициска единца за итни интервенции.

На протестот учествувала и градоначалничката Волтана Адеми, која пак за последиците од протестот ја обвини полицијата која, според неа доцнела во интервенцијата.

Протест е најавен во Тирана и за вечерва. Тоа ќе биде четврт протест по убиството на 25-годишниот Клодјан Раша од страна на полициски специјалец. Поради тоа главнот град целосно е блокиран од полиција, цистерни со вода, блиндирани возила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.