Рама го поздрави бугарскиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ одделно за Албанија

Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави предлогот на Бугарија да се раздвои патот на Албанија и Македонија за пристап во Европската унија, што ќе ѝовозможи на Тирана да напредува.

Патот на Албанија кон ЕУ е поврзан со оној на Македонија, што значеше дека ветото на Бугарија поврзано со човековите права, историските и јазичните прашања резултираше со тоа што Албанија не успеа да напредува кон формалниот почеток на преговорите, и покрај тоа што доби зелено светло од сите 27 земји-членки.

Минатата седмица бугарскиот евроамбасадор Румен Александров рече дека неговата земја нема да го укине ветото за Македонија, но дека Албанија треба да се раздели и да се процени независно. Дополнително, тој рече дека Бугарија дала неколку предлози за тоа како Македонија може да ја ублажи ситуацијата, вклучително и спроведување на Договорот за пријателство меѓу двете.

„Го поздравувам ставот на Бугарија која предлага што поскоро почеток на преговорите за членство на Албанија во Европската унија“, рече Мета.

Додаде дека е убеден дека Македонија постигнала „огромен напредок во спроведувањето на реформите и постигнувањето историски договори како оној во Преспа“.

„Го поздравувам достоинствениот однос на македонските власти да продолжат непоколебливи во проевропскиот курс на реформи кои им служат на граѓаните и на аспирацијата за членство во ЕУ“, заклучи тој.