Рама и натаму е најпопуларен политичар во Албанија

Лидерот на албанската владејачка социјалистичка партија Еди Рама и понатаму е најпопуларен политичар во земјата. Тој зад себе ги остави демократот Сали Бериша и лидерот на Партијата на слободата, Илир Мета.

Коментирајќи ги резултатите, познатиот новинар и аналитичар, Скендер Минџози, ги поддржува истите и смета дека Рама ” може да победи во секоја трка со Бериша и Мета”.

–Кога се гледа во контекст со другите двајца натпреварувачи, Рама може да победи во секоја трка со нив, првите двајца влегоа во политиката во 1991 година, а Рама во 1998 година, рече тој.

Сепак кога станува збор за перцепцијата на граѓаните за владата на чие чело е Рама споредено со анкета спроведена минатата година процентот на незадоволни расте.

Од вкупно анкетираните 61 отсто од граѓаните имаат негативно мислење за работата на актуелната влада, само 18 отсто позитивно, додека 21 отсто немаат ниту позитивно ниту негативно мислење.

Пред една година 43 отсто од граѓаните имале негативно мислење за Владата, 36 отсто позитивно и 21 отсто не дале одговор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.