Рама има мнозинство во анктената комисија, за него Мета е непријател на Албанија кој треба да се разреши

Албанскиот Парламент ја изгласа анкетната комисија по два и пол часовна расправа, која ќе испитува дали претседателот Илир Мета го прекршил Уставот со уредбата за одложување на изборите.

Претседател на комисијата е социјалистот Улси Мања, а петмина негови сопартијци се членови на комисијата од вкупно девет, а тоа укажува дека епилогот на предлогот на партијата на премиерот Еди Рама за разрешување на Мета дека веќе е извесен.

На почетокот од дебатата учествуваше и Рама. Во подолгото обраќање со остар тон и преполно со иронија и обвинувања упатени до шефот на државата, Рама рече дека „Мета е непријател на Уставот, Парламентот, народот, Албанија и затоа треба да се разреши“.

Освен пратеници кои доминираа со обвинувања за Мета, имаше и такви кои го бранеа, како Елда Хоти од независната пратеничка група, која рече дека „Мета е последниот бранител на демократијата“.