Рама му порача на Лондон да не ја обвинува Албанија за проблемите со мигрантите

Албанскиот премиер Еди Рама ја обвини во средата Велика Британија дека ги користат албанските граѓани како изговор за својата неуспешна доселенички политики, по погрдните коментари на британските министри за растот на бројот на барателите на азил од Албанија.

Рама ја нападна „налудничавата“ и „лесна“ реторика на Велика Британија која тврдеше дека Албанците се „причината са целиот криминал и проблемите на границите“.

Во низата објави на Twitter, албанскиот премиер наведе дека британската реторика завршила со „казнување на невините“, вклучително и деловни лица и вредни Албанци кои плаќале даноци во Велика Британија.

Неговите коментари следеа по тврдењата на повеќето британски министри дека Албанците стојат зад растот на мигрантските пристигнувања со мали бродови преку Ламанш и дека многумина од нив се вмешани во организираниот криминал.

Албанците сочинувале 42 отсто од луѓето кои патувале со малите бротчиња во периодот меѓу мај и септември годинава, според податоците на британската влада објавени во средата. Малку повеќе од 11.000 Албанци пристигнале во тие пет месеци, во споредба со 815 во 2020 година, покажуваат бројките презентирани во Лондон.

Запрашан за коментарите на Рама, портпаролот на британската влада за Reuters рекол дека британската влада е приврзана на градењето соработка со Албанците, вклучително и во борбата против нелегалната миграција.

„Работејќи заедно, ќе продолжиме да ја користиме секоја можност за пресретнување на активностите на организираните криминални групи и криумчарите на луѓе“, рекол британскиот портпарол.

Во понеделникот британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман изјави дека дошло до „раст на бројот на пристигнувањата на Албанците“ и дека тоа се посебно млади, самци, кои се или дел од организираните криминални групи или вмешани во криминалните активности, како, на пример, трговијата со наркотици.

Рама во една од своите денешни објави наведе дека 70 отсто од 140.000 Албанци кои се преселиле во Велика Британија претходно живееле во богатите европски земји како Италија и Грција и дека не патувале директно од Албанија. Посочи дека Британија кон неговата земја мора да се однесува со почитување, доколку сака повеќе помош во решавањето на проблемот со мигрантите.

„Албанците во Обединетото Кралство вредно работата и плаќаат даноци. Обединетото Кралство би требало да се бори против криминалните групи од сите националности и да престане да ги дискриминира Албанците“, истакна Рама во една до следните објави.