Рама на 26 февруари во посета на Русија

Во својство на претседавач на неговата земја со организацијата за безбедност и соработка во Европа, ОБСЕ, албанскиот премиер Еди Рама ќе престојува во посета на Русија.

Повикувајќи се на дипломатски извори на ОБСЕ во Виена, телевизјата Топ чанел, наведува дека посетата е закажана за 26 февруари.

Се уште не е познато кои ќе бидат неговите соговорници во Москва а во фокусот на средбите ќе биде руско – укранската криза.

Во своето обраќање пред Постојаниот совет на ОБСЕ, премиерот ја наведе Украина како еден од приоритетите на албанското претседавање со ОБСЕ.

Ова ќе биде прва посета на албански премиер на Русија по посетата на поранешнот албански премиер Александар Мекси, кој му беше гостин на тогашниот премиерот Виктор Черномирдин, пред речиси две и пол децении.

„Посетата на премиерот Еди Рама се случува во време кога односите меѓу Албанија и Русија се на минимална квота. Во март 2018 година, Албанија им се придружи на европските земји протерајќи двајца руски дипломати од Тирана, потег координиран со НАТО. Иако Еди Рама ќе престојува во Русија како претседавач со ОБСЕ, ова ќе биде добра можност да се даде нов пристап кон односите меѓу двете земји, наведува телевизијата.

Инаку, албанските власти, пред две години ги протераа Владислав Филипов, воен аташе, како и Алексеј Николајевич Балашов, прв секретар на амбасадата, осомничени дека под превезот на димпломати шпионирање во корист на Русија.

Рама, во својство на претседавач со ОБСЕ, на 20-ти минатиот месец беше во посета на Украина, што беше негова прва посета на некоја држава по преземањето на претседавањето со ОБСЕ, на 9-ти јануари, од каде изјави дека „целта на неговата земја е да обезбеди целосен и одржлив прекин на огнот“.