Рама: Не можеме повеќе да ја чекаме ЕУ, тие може нешто да ветат, па да не исполнат

Албанскиот премиер Еди Рама на онлајн самитот посветен на иницијативата „Отворен Балкан“, истакна дека претставниците на трите земји (Македонија, Албанија и Србија), се во фаза на конкретизирање на важни чекори во меѓусебната соработка, што ќе доведе до подобрување на бизнис климата во регионот, а наскоро и обичните луѓе ќе ги почувствуваат промените во секојдневниот живот.

– Не можеме повеќе да ја чекаме ЕУ, тие може нешто да ветат, па тоа да не исполнат и постојано така, тоа е веќе нивна работа. Ние веќе не можеме да чекаме, мораме да се движиме напред – изјави Рама.

Тој потсети дека иницијативата нема за цел да создаде нова Југославија или дека претставува утешна награда за членството во ЕУ, напротив вели тој, земјите од „Отворен Балкан“ со меѓусебното економско поврзување ќе бидат поспремни за членството во ЕУ.

Рама истакна и дека треба да се престане со убедувањето на преостанатите земји од Западен Балкан, кои не се дел од иницијативата, колку многу Отворен Балкан ќе биде значаен за нивните економии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.