Рама: Обвинението против Тачи е „дамка на 21 век“ во историјата на правдата

69

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека причината за неговата посета на Косово денес е поврзана со обвиненијата од Специјалниот суд против претседателот на Косово, Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели.

Рама го објави тоа на својот профил на Твитер, наведувајќи дека тој дошол во Приштина да слушне и да дознае повеќе по објавата од Специјалниот суд и дека ова ќе влезе во историјата на правдата како „дамка на 21 век“.

Рама се состана во Приштина со лидерот на Иницијативата НИСМА, Фатмир Љимај, а тој треба да се сретне и со други претставници на косовските Албанци, пренесува Танјуг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.