Рама по средбата со Хан рече направивме тоа што Брисел го бараше од нас

Го направивме тоа што тие од нас го побараа да го направиме, изјави албанскиот премиер Еди Рама по средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во седиштето на Европската комисија во Брисел.

– Хан беше кристално јасен. Ние го направивме тоа што тие од нас го побараа, доколку не добиеме датум тоа не значи дека Албанија потфрлила. Но, освен тоа што направивме и што треба да направиме, се наоѓаме во ситуација кога Европскиот совет треба да одлучи што сакаат нејзините членови или не сакаат да направат за нивното семејство, бидејќи важен член на семејството бара друг пристап од целото семејство кон овој процес, посочи Рама.

Тој наведе дека Хан истакнал оти мора да се продолжи со сите реформи, бидејќи тоа е во интерес на албанските граѓани и дека „тоа не е со цел за да се задоволат Брисел, Лондон, Париз или Берлин, туку да се обезбеди европска Албанија за наште деца “.

– Ова значи дека, од една страна, ние мора јасно да ја разбереме оваа состојба, а од друга страна да продолжиме со реформскиот процес, затоа што, како што рече и комесарот, тоа не го правиме за да ги задоволиме Брисел, Лондон, Париз или Берлин. Мораме на нашите деца да им обезбедиме европска Албанија, со демократски институции, со институционално државно право, да ги исполнуваме стандардите на економијата на ЕУ, посочи албанскиот премиер.

Рама додаде дека Албанија ги спроведува реформите и ќе продолжи во тој правец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.