Албанскиот премиер Еди Рама во врска со односите со косовскиот премиер Албин Курти, оценил дека „имаат исти цели, но не одат по исти патишта”, јавија медиумите.
-Мојата цел и целта на премиерот на Косово се идентични, но постигнувањето на таа цел не го гледаме на ист начин, особено во последно време. За мене курсот на судир со нашите сојузници е само каприц со несогледливи последици, рекол Рама.
Што се однесува до коментарите од Косово откако на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шплц им го испрати својот нацрт-статут за формирање заедницата на српски општини, според Рама „во умовите на оние што се против предлогот, и во Приштина и во Белград, се комунистите “.
Посочи дека тоа го направил за доброто на регионот зашто: „Регионот не е само на Косово и Србија, туку и наш“.
-Мило ми е што напорите да се даде конкретен придонес во дијалогот и предлогот за ЗСО беше добро прифатен од нашите сојузници, а за оние што се спротивставија без да ја знаат содржината, и во Приштина и во Белград, кажувам две работи. Прво, тие што зборуваат вака сè уште живеат во комунизам кога политиката се однесуваше на тоа кој нешто рекол, а не што кажал. Второ, тие се навистина тие што сами одлучуваат, но овој регион не е само нивен, туку и наш. Така што, ако уште мислат да играат војна, четврт век по војната, на нашите сојузници им го снемува трпението затоа што бараат мир, оценил Рама.