Рама: Србија ја претвора мувата во бик

Албанскиот премиер Еди Рама, по средбата со косовскиот премиер Албин Курти, рече дека Србија ја прави мувата бик, не сакајќи да ги почитува мерките за реципроцитет што косовската држава ги воведе пред 8 дена.

Рама на прес -конференцијата оцени дека Србија прави театарски маневри на Северот на Косово.

„Србија нема право да ги претвори регистарските таблички на возилата за општа намена во конфликтно секојдневие и мувата да ја прави бик“, рече Рама.

„Пред сѐ, Србија е таа што мора да ја признае оваа неповратна реалност и навистина е жално што наместо конкретниот напредок на дијалогот кон меѓусебно признавање и евентуално ослободување од минатото, денес ние сме сведок на театарските воени маневри на Србија, на границата со суверената држава Косово“, додаде Рама.

Рама исто така спомена дека државата Косово се грижи за сите свои граѓани, меѓу кои и Србите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.