Рама: Среќен роденден, Република Северна Македонија

Срдечни честитки до премиерот Зоран Заев и до сите оние кои се бореа за овој историски ден, напиша на Твитер албанскиот премиер Еди Рама, по изгласувањето на одлуката од страна на македонскиот законодавен дом за пристапување кон измени на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа.

Среќен роденден Република Северна Македонија. Искрени честитки за премиерот Зоран Заев и за сите оние кои се бореа за овој историски момент. Денеска се отвори нова врата за иднината за нашите два народа во Република Северна Македонија. Почит., напиша Рама на Твитер на англиски и албански јазик.

Инаку, албанските медиуми,без исклучок,отстапија широк простор за случувањата во македонскиот Парламент а експресно ја пренесоа и веста за изгласувањето на одлуката, оценувајќи го тоа како историски момент.

Медиумите пренесоа и делови од изјавите на премиерот Заев и лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Мицковски,со посебен акцент дека пратениците кои гласале за одлуката се веднаш исклучени од партијата. Место беше отстапено и за реакциите на еврокомесарот Хан и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг,како и за честитката на грчкиот премиер Ципрас до премиерот Заев.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.