Рамос задоволен од победата над Севиља

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, по синоќешната победа над Севилја (1:0), рече дека тимот ќе биде уште подобар на следните натпревари.

Реал со Атлетик Билбао е на делба на првата позиција на табелата по 5. коло од  шампионатот на Шпанија.

Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок. Долго време не сме ја победиле Севилја на гости, па затоа требаше да направиме што е можно помалку грешки. Ја контролиравме играта и делувавме сигурно во одбраната. Резултатот од натпреварот е фер. Реал Мадрид е секогаш гладен за победи. Имаме тим што многу ветува. Ние ќе продолжиме да се подобруваме, изјави Рамос.