Рамуш Харадинај си поднесе оставка, Судот во Хаг го бара да сведочи како осомничен

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска си поднесе оставка на функцијата. На прес-конференцијата во Приштина, тој нагласи дека причина за неговата оставка е повикот од Судот во Хаг, да се јави како осомничен. Тој негираше дека е формално обвинет туку повикот до него е да се пријави и да биде сослушан во својство на осомничен.

Според Харадинај, косовскиот претседател сега треба да ги започне консултациите со парламентарните партии и да ги закаже новите избори.

„На тие избори, ќе се кандидираме и јас и мојата партија, но не можев да ја водам земјата во оваа ситуација, затоа што тоа би ја отежнало позицијата на Косово“, изјави Харадинај.

Тој е премиер на Косово од септември 2017 година, а за време на судирите во поранешната српска покраина беше еден од лидерите на ОВК.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.