Ран случај во Франција би можел да го расветли почетокот на пандемијата на коронавирусот

Студијата на француските научници која наведува дека маж со Covid-19 во Франција бил заразен уште на 27-ми декември, речиси еден месец пред потврдата на првите случаи во Франција, би можела да се покаже многу важна во процената кога и каде се појавил новиот коронавирус, соопштија во вторникот експертите.

Резултатите од истражвуањето во неделата вечерта во разговор за телевизијата BFM ги навести шефот на одделот за реанимација во болницата во Бобињи, Ив Коен. Според него, лекарите повторно ги преиспитувале анализите на пациентите со пневмонија, кои биле примени во болницата во декември и јануари поради здравствени проблеми и негатвини на грип но тогаш не биле тестирани на коронавирусот, бидејќи Covid-19 дури подоцна се разви во пандемија, и аналзите на еден од 24-те пациенти дале позитивен резултат на коронавирусот.

Резултатите од истражувањето на тимот француски научници кој го предводел Ив Коен, кој инаку е шеф на одделите за реанимација во две болници, објавени во стручното списание International Journal of Antimicrobial Agents, покажале дека еден пациент, 42-годишен маж по потекло од Алжир кој во Франција живеел долги години и чија сопруга работела во рибарница, бил инфициран со Covid-19 „еден месец пред првите официјално потвредени случаи“.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави дека овие резултати не се изненадувачки, бидејќи е можно да се пронајде уште повеќе вакви слуачи. СЗО поради тоа им препорачува на земјите да ги проверат историите на болеста од декември 2019 година, бидејќи тоа може да даде „нова и појасна слика“ за пандемијата.

Коен вели дека засега е прерано да се каже дека споменатиот маж кој боледувал 15 дена и ги заразил своите две деца, чијашто последна посета на Алжир била во август минатата година, е францискиот „нулти пациент“.Обидувајќи се да го открија изворот на болеста, научниците откриле дека неговата сопруга работела во рибарница, веднаш до продавачите на кинеско суши и велат деке е можно таа да заболела асиптоматски.

Меѓутоа, како што истакнува Коен, идентификувањето на првиот заразен пацент е од голем епидемиолошки интерес, бидејќи драматично ја менува сегашната претстава за коронавирусот SARS-CoV-2 и неговото ширење во Франција.

Според научниците, изостанувањето на поврзаност на овој случај со Кина и прекинот на патувањата во последите месеци, укажуваат дека болеста меѓу француската популација се ширела уште кон крајот на декември. Првите случаи на заразата во Франција се потврдени на 24-ти јануари, речиси еден месец по слуачите во Кина. Во Франција од Covid-19 досега починаа околу 25.000 лица.

Роуленд Као, професор по ветеринарна епидемиологија на Универзитетот Единбург, појасни дека и доколку споменатиот маж во Франција биде потврден како „нулти пациент“, тоа не значи дека ширењето на Covid-19 започнало толку рано.

„Меѓутоа овој случај, доколку биде потврден, јасно укажува на брзината со којашто инфекцијата, којашто започнала во наизглед оддалечен дел од светот, може во момент да посее зараза на друго место“, вело Као.