Ранет еден од водачите на навивачите на Црвена Звезда

Марко Шево (29) е ранет при пукање кое синоќа се случило околу 20.30 часот во населбата Вождовац. Марко бил погоден во клучната коска, а метакот излегол во пределот на вратот.

Лекарите веднаш го однеле на реанимација во Ургентиниот центар, а според првичните проценки, не се погодени виталните органи.

Напаѓачот побегнал од местото на несреќата, а српската полиција се уште трага по него.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.