7.8 C
Skopje
среда, декември 11, 2024

Ранет функционер на ДУИ во пукање во скопски Чаир

Економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља застрелан во ногата во пукање доцна попладнето во четвртокот во скопската населба Чаир.

Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот, но повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на увидот.

Повеќе медиуми објавија дека повредениот е Ваљон Беља од ДУИ кој пред неколку месеци беше поставен за нов економски директор на Клиниката за гинекологија. На пошироката јавност и’ стана познат  откако во 2016 година се појавија информации дека му се заканувал на поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и му испратил куршум во салфета како закана за неговото барање да биде поставен за директор на пензискиот фонд.