Рангелова: Фирмите на Заев само во 2012 година оствариле приход од 2 милиони евра

„Зоран Заев кажа дека неговите фирми и фирмите од кланот Заеви работат со загуба и за жал, повторно излажа.Фирмите на Заеви, само во 2012 година оствариле заработка, нето оданочен приход од 2 милиони евра,“истакна Даниела Рангелова на прес конференција.

Според неа, сакајќи да го скрие богатството и комодитетот на кланот Заеви, Зоран Заев на новинарско прашање одговори дека фирмите на неговото семејство и неговите партнери работеле со загуба. Но реалноста е друга.
„Во 2012 година фирмите на кланот Заеви во кои сопственици се таткото, чичкото, братот, братучедите и други бизнис партнери на Зоран Заев оствариле нето добивка преку своите фирми од 121.642.000,00 денари или 2 милиони евра. Тука се вбројуваат скоро сите фирми на семејството Заеви како:
• Фирмата ЈАВОР-ТРАНС ДООЕЛ Струмица на Горан Крстев, бизнис партнер на Вице Заев, остварила нето добивка од 8.410.257,00 денари.
• Фирмата ЈАВОР-ШПЕД ДООЕЛ увоз-извоз Струмица на Симеон Крстев, татко на Горан Крствев, остварила нето добивка од 11.125.229,00 денари.
• Фирмата ТРГОПРОДУКТ ДОО увоз-извоз Струмица на братучедите Катерина Бојовиќ Заева, Бобан Заев и стрината Убавка Заева, остварила нето добивка од 6.076.156,00 денари.
• Фирмата ФРЕНКИ ДОО експорт-импорт Струмица на братучедот Трајче Заев, инаку позната на јавноста по скандалот со затруените корнишони во Хрватска, остварила нето добивка од 15.299.306,00 денари.
• Фирмата ЕЛЕНИЦА Струмица на братот Вице Заев и братучедите Трајче Заев и Катерина Бојовиќ Заева, остварила нето добивка од 44.193.909,00 денари.
• Фирмата САРА-ЈАВОР ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица на братот Вице Заев и неговиот бизнис партнер Горан Крстев, остварила нето добивка од 7.378.361,00 денари.
• Фирмата ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Струмица на братот Вице Заев, остварила нето добивка од 2.772.929,00 денари.
• Фирмата ТОТАЛ ЕЛЕКТРИК ДОО увоз-извоз Струмица на братучетката Катерина Бојовиќ Заева, братот Вице Заев и зетот Радиша Бојовиќ Заев, остварила нето добивка од 4.686.654,00 денари.
• Фирмата ПЕОН ДОО Струмица на братучетката Катерина Бојовиќ Заева и стрината Убавка Заева, остварила нето добивка од 20.647.778,00 денари,“ вели Рангелова.

Таа потенцираше дека ова се само дел од фирмите на кланот Заеви кои во 2012 година на ова семејство и на неговите бизнис партнери им донеле чиста заработувачка од неверојатни 2 милиони евра.