Рангелова: Вечерта на 27 април сите пратеници бевме евакуирани во касаранта во Ѓорче Петров

За денешните настани од 27 април сведочеше Даниела Рангелова, која во периодот 2016 и 2017 година беше претседателка на Унијата на жени и член на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како и пратеничка.

Рече дека на 27 април 2017 година до доцните вечерни часови била во Собранието.

-Таму бев до 20 часот, потоа сите пратеници бевме евакуирани во касарната во Ѓорче Петров, откри Рангелова.

Таа рече дека не присустувала на ниту една седница на партијата на која се дискутирало за организирање на протести.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.