Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома објави во петокот дека должноста тренер на првиот тим до крајот на сезоната ќе ја преземе 67-годишниот Клаудио Раниери.
„Одушевени сме што можеме да му посакаме добредојде назад во клубот на Клаудио Раниери. Нашата единствена цел е до крајот на сезоната да осигуриме што подобар пласман на табелата и да обезбедиме квалификации за Лигата на шампионите следната сезона. Поради тоа важно беше да се доведе требнер кој го познава клубот, ја разбира атмосферата и може да ги мотивира играчите. Клаудио ги исполнува сиве овие услови и има желба да го преземе предивикот“, изјави претседателот на „Волчицата“, Џејмс Паљота.
Раниери е роден римјанин кој играчката кариера ја започнал токму во Рома, а и како тренер го водеше овој клуб од септември 2009 до февраури 2011 година.
До крајот на овој февруари Раниери беше на клупата на англискиот премиерлигаш Фулам, во кој стаса кон средината на ланскиот ноември, но поради серијата лоши резултати го раскина договорот со клубот.
Рома, пак, по испаѓањето во осминафиналето од Лигата на шампионите од Порто во средата, му врачи отказ на тренерот Еузебио Ди Франческо и довербата му ја даде на искусниот италијански фудбалски стручњак.
Рома на 12 кола до крајот на сезоната во Серија А е на петтото место со четири бода помалку од третиот Милан, а ти помалку од четвртиот Интер.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.