Раниери ќе им купува пица на своите играчи

Раниери ќе им купува пица на своите фудбалери доколку не примаат голови

Популарните “лисици” во моментов се наоѓаат на третото место на табелата во Премиер лигата со три победи и две нерешени, но со не толку импресивна гол разлика од 11:7.

Менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери се надева дека неговиот тим конечно би можел да одигра еден меч без да прими гол.

Би платил пица за целиот тим доколку не примат гол. Можеби и хот-дог, се пошегува Раниери.

Во наредното коло Лестер гостува на “Британија стадионот” кај Стоук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.