Раноантичка некропола во Старо Бонче: Еве што најдоа археолозите (фото)

Во завршна фаза се археолошките истражувања на локалитетот Старо Бонче близу Прилеп. Археолозите вршат истражување на раноантичка некропола во локалитетот.

Досега во рамки на археолошките истражувања во Старо Бонче, пронајдени се вредни наоди од 5-4 век п.н.е., како и предмети од подоцнежни фази.

За прв пат се вршат истражувања на оваа раноантичка некропола

Златната перла од 5-4 век п.н.е, најдена во раноантичка некропола во локалитетот Старо Бонче
Златната перла од 5-4 век п.н.е, најдена во раноантичка некропола во локалитетот Старо Бонче

Раководителот на истражувањата, проф. д-р Антонио Јакимовски од Институтот за историја на уметност со археологија при Филозофслиот факулетет во Скопје, вели дека годинава за прв пат се вршат истражувања на оваа раноантичка некропола.

Златната перла од 5-4 век п.н.е, најдена во раноантичка некропола во локалитетот Старо Бонче
Златната перла од 5-4 век п.н.е, најдена во раноантичка некропола во локалитетот Старо Бонче

– За прв пат истражуваме тука, го откопавме централниот гроб и околните гробови. Највреден предмет е секако златната перла од 5-4 век п.н.е, која ја најдовме во централниот гроб. Изработена е во техника филигран и гранулација. Има и други значајни наоди, како фибули, украсни игли, керамика и друго, вели Јакимовски.

Наоди од раноантичка некропола во локалитетот Старо Бонче
Наоди од раноантичка некропола во локалитетот Старо Бонче

Значајни наоди и во околните гробови

Во оваа раноантичка некропола, значајни наоди се откриени и во околните гробови, меѓу кои и статуетка на Хермес, перјаница од бронзена статуетка на воин и други.

Наоди од раноантичка некропола во локалитетот Старо Бонче
Наоди од раноантичка некропола во локалитетот Старо Бонче

Како што посочува Јакимовски, во рамки на на археолошкиот комплекс Старо Бонче се најдени уште десеттина некрополи, кои, веројатно припаѓале на градот Пелагонија.

Статуетка на Хермес, раноантичка некропола во локалитетот Старо Бонче
Статуетка на Хермес, раноантичка некропола во локалитетот Старо Бонче

Инаку, истражувањето на локалитетот Старо Бонче е капитален проект на Владата на Република Македонија, кој во координација на Управата за заштита на културното наследство се реализира преку Институтот за историја на уметност со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј во Прилеп.